ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ
24. 3. 2020
Почитувани клиенти,
Со цел минимизирање на сите ризици поврзани со епидемијата на COVID-19, Националното Биро за Осигурување, продолжува да презема превентивни мерки во согласност со препораките на надлежните институции во државата и да го прилагодува начинот на функционирање, со цел заштита на вработените и клиентите и превенција на натамошното ширење на вирусот.
Доколку имате потреба од пријава на штета во периодот што следи, Ве замолуваме да ги следите долунаведените насоки:
· Доставете ја пријавата по електронски пат на нашата адреса nibm@nibm.com.mk, вклучувајќи ја целокупната документација со која располагате за штетата.
· Ве молиме, во случај на лична пријава на штета, да се погрижите да ги приложите сите основни документи неопходни за пријава на штета, а секоја дополнителна документација да ни ја доставите по електронски пат, на адресата nibm@nibm.com.mk, при што треба да се повикате на бројот на штетата.
Ви благодариме и воедно се надеваме на разбирање и почитување на наведените вонредни мерки.

Безбедноста на граѓаните била и секогаш ќе биде приоритет на Националното Биро за Осигурување, особено во овие предизвикувачки околности. Затоа, го прилагодивме начинот на функционирање и ќе работиме со намален капацитет во периодот што следи, си со цел заштита на нашите вработени и клиентите и превенција на натамошното ширење на вирусот. Советуваме комуникацијата со Националното Биро за Осигурување да ја вршите преку email или на мобилните телефони.

За меѓународни штети јавете се на мејлот:
078 437 652 verica.veljanovska@nibm.com.mk

За Опоменски писма и штети јавете се на мејлот:
078 432 712 igor.strezoski@nibm.com.mk

За Проблем со централниот систем обратете се на мејлот :
075 347 560 или 078 437 653 или на it@nibm.com.mk
File TypeSizeFile Name
application/pdf 70 KB Известување за граѓаните.pdf