50-то Генерално собрание на Советот на бироа
Во деновите 01-02.06.2016 година се одржа 50-то Генерално собрание на Советот на бироа. Во рамките на собранието Комитетите на советот на бироа имаа свои препораки и беа усвоени од генералното собрание.
Препораките се актуелни во делот на работењето по IR и Општите одредби на советот на бироа. Препораките ќе бидат предмет на разгледување на Одборот за ЗК со цел да подобро бидат разбрани и имплементирани од страна на Осигурителните компании, членки на НБО.
Најзначајна препорака за НБО беше препораката број 3 од Комитетот за мониторинг со која препорака генералното собрание го укина условниот мониторинг воспоставен спрема НБО на почетокот на 2015 година.
Традиционална Конференција SORS (Средба на осигурувачи и реосигурувачи) 2016-та
Во Сараево од 08.06-10.06.2016 година традиционално се одржа SORS-2016. На конференцијата присуство земаа 145 учесници од компании за осигурување и реосигурување од регионот и пошироко.
Покрај презентациите на пазарите за осигурување од бившите држави на Југославија, на конференцијата имаше теми кои го привлекоа вниманието на учесниците како:
- - Иновацијата во развој на постојните и нови услуги на осигурување
- - Управување и дистрибуција на осигурителните услуги
- - Иновација на подрачје на примена на Европското право во осигурување
Во рамките на вториот ден од конференцијата се одржаа два округли панели на тема:
- - Услови за задолжително осигурување за АО
- - Реосигурување на професионална одговорност