Ве известуваме дека Советот на Бироа во Брисел на Генералното Собрание одржано на ден 08.06.2023 година донесе Одлука за суспензирање на членството во Системот на зелена карта на Бирото на Иран . Оваа Одлука стапува на сила на ден 01.01.2024 година.
Се известуваат имателите на зелени карти дека македонската зелената карта не важи за влез во државата Иран и полето на државата е прецртано на обрасците за зелена карта.
Возилата со македонски регистерски ознаки при влез во Иран ќе го регулираат влезот во оваа држава, согласно нивното национално законодавство.
Зелените карти издадени од Иранското Биро нема да важат за влез во државата по 30.01.2024 година
Возилата кои се законски регистрирани во Иран при влез на територија на Р.Северна Македонија по 01.01.2024 година мораат да извадат полиса за гранично осигурување .