Ве известуваме дека Советот на Бироа во Брисел на Генералното Собрание одржано на ден 08.06.2023 година донесе Одлука за суспензирање на членството во Системот на зелена карта на Бироата на Русија и Белорусија. Оваа Одлука стапува на сила на ден 30.06.2023 година.
Се известуваат имателите на веќе издадените македонски зелени карти по 30.06.2023 година, истите нема да важат за влез во Русија и Белорусија.
Возилата со македонски регистaрски ознаки при влез во Русија и Белорусија ќе го регулираат влезот во овие држави, согласно нивните национални законодавства.
Доколку македонски возила влезат на територија на Русија и Белорусија со издадената зелена карта по 30.06.2023 година и причинат штета на територијата на овие држави, исплата на евентуално настанатата штета не може да изврши осигурителната компанија која ја издала зелената карта, ниту може да биде гарант за плаќање на штета Националното Биро за осигурување согласно одредбите на Советот на Бироа
Македонските возила кои влегле во Русија и Белорусија пред 30.06.2023 година и ќе се затекнат на територијата на овие држави по овој датум, обврзани се да го регулираат осигурувањето согласно нивното законодавтството, со оглед дека зелената карта нема да им важи за овие држави.

Влез на руски и белоруски возила на територијата на Р.Северна Македонија

Зелените карти издадени од Руското и Белоруското Биро нема да важат за влез во државата по 30.06.2023 година
Возилата кои се законски регистрирани во Русија и Белорусија при влез на територија на Р.Северна Македонија по 30.06.2023 година мораат да извадат полиса за гранично осигурување .

Одлуката на Советот на Бироа во Брисел е донесена поради усогласување на Системот на зелената карта со донесените санкции спрема овие две држави и неможноста на функционирање на SWIFT системот за плаќања и наплата на штети во постапка како е регулирано во Општите одредби на Советот на Бироа во Брисел.


Национално Биро за осигурување
Генерален директор
М-р Трајче Латиновски