На 24.04.2014 година Советот на Бироа, со седиште во Брисел, Белгија, чија што членка е и нашето Националното биро за осигурување, заедно со нашето Биро, организира еднодневен семинар, со почеток од 09.30 часот. На семинарот ќе присуствуваат претставници од Националното биро за осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и осигурителните друштва, членки на Националното биро за осигурување.

Претставниците од Советот на Бироа, во своите излагања, ќе се осврнат на следните теми:


- Воведно излагање: Mariusz Wichtowski, претседател на Совет на Бироа: Општ вовед

- Повратни информации од Одборот на мониторинг: Jean Zenners, заменик претседател на Одборот за мониторинг

- Внатрешни одредби - Greet Flore, генерален секретар на Советот на Бироа

- Улога на Националното Биро - Организација на пазарот: Hilmi Karamercan, директор на турското Биро

- Разноврсност на надоместот на штета низ Системот на зелена карта: Luk De Baere, директор за правни работи

- Финансиска стабилност - Ризици од зелена карта - Marc Henry, советник за реосигурување на Советот на Бироа