Националното биро за осигурување (НБО) на 30.10.2014г. ќе го одбележи 20.годишниот јубилеј од своето основање, раст и развој.

Јубилејот ќе се одбележи во два дела:

1. Свечен дел

- Доделување на признанија и плакети за долгогодишна соработка;

- Промоција на првиот часопис за теорија и пракса за осигурувањето во Р.Македонија и пошироко, „ОСИГУРУВАЊЕ – МК“.


2. Работен дел со тркалезни маси во кој ќе бидат опфатени актуелни теми од областа на осигурувањето во Р.Македонија, со учество на следните предавачи:

- Проф.др.Маријан Ќурковиќ – Институт за осигурување, Марибор„Либерализација на цената на А/О, проблеми и предизвици“

- Хрвоје Пауковиќ, Хрватско биро за осигурување „Неосигурени возила – проблем кој треба да се надмине“

- Тјаша Корбар, Словенечка асоцијација за осигурување

„Кореспондентски договори“ – Панел за стручните служби на осигурителните друштва

На свеченоста ќе присуствуваат претставници на Владата на Р.Македонија, претставници на Советот на Бироа од Брисел, раководните лица од Бироата за осигурување од регионот,претставници од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), претставници на осигурителните друштва – членки на НБО, гости од правосудните органи, брокерски друштва, адвокатски канцеларии, претставници од финансиските институции и др.