На 24.04.2014 г. Националното биро за осигурување на Р.Македонија го реализира еднодневниот семинар во "Холидеј Ин", Скопје.

Семинарот го водеа претставници од Советот на Бироа од Брисел, на следните теми:


- Воведно излагање: Mariusz Wichtowski, претседател на Совет на Бироа: Општ вовед
- Повратни информации од Одборот на мониторинг: Jean Zenners, заменик претседател на Одборот за мониторинг
- Внатрешни одредби - Greet Flore, генерален секретар на Советот на Бироа
- Улога на Националното Биро - Организација на пазарот: Hilmi Karamercan, директор на турското Биро
- Разноврсност на надоместот на штета низ Системот на зелена карта: Luk De Baere, директор за правни работи



Одржување на семинар на вака високо ниво, ретко се случува и користа беше значителна за партиципиентите - членките на Националното биро за осигурување.

Семинарот беше голема можност за интерактивно учество на присутните, а особено беше значајно и присуството на претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Одржуцањето на семинарот е во рамките на агендата за прослава на 20 години од воспоставувањето и работењето на Националното биро за осигурување.