Националното биро за осигурување на 10.09.2014 година организира еднодневен семинар на тема: Активностите на друштвата за осигурување, надлежните министерства и другите субјекти кои произлегуваат од измените на Законот за задолжително осигурување во сообракајот ( Службен весник на Р.М број 88/2005, 70/2006, 81/2008, 47/2011 и 135/2011 ) објавени во Службен весник на Р.М.бр. 112 од 25.07.2014 година, а кои стапија на сила на 03.08.2014 година.

На семинарот учествуваа претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и друштвата за осигурување - членки на Националното биро.Врз основа на излагањата ,дискусиите и предлозите ќе се изготват Предлог - заклучоци за натамошно делување на сите субјекти и правно регулирање на оваа значајна дејност - задолжителното осигурување во сообракајот бидејки со новата дефиниција за “ моторни и приклучни возила “,моторни и приклучни возила се сите возила на моторен погон и приклучни возила дефинирани согласно со Законот за возила.

Во дискусијата беше истакнато дека во пракса повторно може да се јави проблем од фактот дека во Законот за возила постојат посебни дефиниции за ” возило на моторен погон” и за ” моторно возило “кои може од страна на судовите стриктно да се толкуваат, за што треба писмено да се побара автентично толкување на членот од Законот за возила.

Бидејки од 03.08.2014 година полиса за задолжително осигурување треба да имаат и: мопед, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл, четирицикл, трактор ( вклучително земјоделски и шумски трактор), мотокултиватор и мобилна машина па се наметува потребата од организирање на голема и широка акција за опфат на сите овие возила од страна на осигурителната индустрија. Проценката е дека постои реална можност за опфат со полиси за осигурување на околу 50.000 возила на моторен погон.

Стапувањето на сила на Законот од друга страна значи и право на сите оштетени лица да надоместуваат материјална и нематеријална штета предизвикана од употреба на неосигурани: мопед, мотоцикл, лесен трицикл,трицикл, лесен четирицикл, четирицикл, трактор ( вклучително земјоделски и шумски трактор), мотокултиватор и мобилна машина.Бидејки овие штети може да значат дополнително оптоварување на Гарантниот фонд потребно е координирано делување на сите субјекти за зголемување на бројот на осигурани возила.

Затоа, координираните мерки и активности на надлежните органи и друштвата за осигурување треба да резултираат со барање за измена на став ( 8 ) од членот 33 од Законот за возила со кој ” мобилна машина ,мотокултиватор, мопед ( велосипед со мотор ) лесен трицикл и лесен четирицикл подлежат на повторна регистрација само при промена на сопственикот ,односно носителот на правото на користење на возилото или при промена на неговото живеалиште односно седиште.Затоа се предлага и за овие моторни возила и возила на моторен погон да се регистрираат секоја година, да имаат сообракајна дозвола и да им се издава налепница за извршена регистрација.