На 19-та редовна седница на Управниот одбор на НБО, односно 11-те членки на НБО, како нивна Асоцијација, во делот на задолжителните осигурувања, преку своите претставници во Управниот одбор, му изгласаа и го реизбраа за директор на Националното биро за осигурување досегашниот директор М-р Трајче Латиновски.

Едногласни беа членовите на Управниот одбор во донесувањето на одлуката со оценка дека во досегашниот мандат со професионално, квалитетно и стручно менаџирање со Бирото, директорот заслушено го заработи реизборот за уште еден мандат од 4 години.

Оценката беше дека директорот, со своето 34 годишно работно искуство, за цел период во осигурителната индустрија и во наредниот период од 4 години, уште повеќе ќе биде од интерес на Осигурителната индустрија и на работењето на Бирото.

Со 27 годишната менаџерска кариера, започната како јуниор менаџер и наградувана чекор по чекор до сениор и топ менаџер, во дејноста Осигурување, се доволна гаранција за успешно водење на Бирото, како и успешно застапување на интересите на Осигурителната индустрија пред домашните и меѓународните институции.