Во организација на Националното биро за осигурување на 01.06.2015 година се одржа еднодневен семинар на тема :

Вонсудска и судска наплата на регресите од Гарaнтниот фонд

Всушност ова беше прва заедничка работна средба на адвокатите кои имаат склучено договори во својство на надворешни соработници на Националното биро за осигурување за судска наплата на регресите од Гарантниот фонд и стручната служба на Бирото.На семинарот учествуваше и Претседателот на комората на извршители на Македонија г-дин Зоран Петревски.

Целта на семинарот беше адвокатите да се информираат за состојбата со вонсуската и судска наплата на регресите но и да бидат запознаени со новините во работењето и софтверската подршка,да се разменат ставови и мислења за надминување на одделни актуелни прашања и проблеми и да се предложат активности во вид на заклучоци во врска со постапките за наплата на регресите за рефундираните штети од Гарантниот фонд .

Семинарот го отвори г-дин Трајче Латиновски, генерален директор на Националното биро за осигурување кој ја потенцира потребата за почести заеднички работни средби на ангажираните адвокаи и стручната служба на Бирото со цел да се разрешуваат сите прашања кои се од заеднички интерес а се поврзани со наплата на регресите.

Во работниот дел со соопштенија настапија :

Г-ѓа Лепосава Гелевскапомошник директор на Националното биро за осигурување на тема :
Актуелни прашања и проблеми во врска со наплатата на регресите за рефундирани штети од Гарантниот фонд “

Г-дин Игор Стрезоскираководител на општи и корпоративни
работи во Националното биро за осигурување на тема:

Процедури за водење на вонсудската постапка за
наплата на регресите од 01.01.2015 година “.

„ Водење на судска постапка за наплата на регресите и
наплата на регресите во извршна постапка “.


Г-ѓа Весна Таковска – самос.стручен соработник во секторот на
Гарантен фонд на тема :
Процедури за евиденција на регресите ,трошоци на постапката и архивирање “.

Претседателот на комората на извршители на Македонија г-дин Зоран Петревски во својата дискусија се осврна на актуелните прашања со кои се соочуваат извршителите при својата работа и ги посочи можните законски измени за поефикасно извршување на правосилните судски пресуди како за физичките така и за правните лица.

Во дискусијата активно учествуваа сите присутни адвокати кои побараа почесто одржување на заеднички работилници со стручната служба . Присутните адвокати низ примери од судската пракса за споровите за наплата на регресите разменија конкретни искуства но покренаа и повеќе прашања за кои е потребна заедничка и координирана активност на повеќе субјекти.

Од семинарот ќе бидат изработени заклучоци со цел да се надминат одредени отворени прашања поврзани со остварувањето на вонсудската и судска наплата на регресите и извршувањето во наредниот период.
File TypeSizeFile Name
image/jpeg 219 KB viber image3.jpg
image/jpeg 248 KB viber image2.jpg
image/jpeg 98 KB viber image1.jpg
image/jpeg 113 KB viber image.jpg