Од 4-6 јуни 2014 г. во Минск, Белорусија, се одржа 48. Генерално собрание на Советот на Бироа, на кое како полноправна членка учествуваше и нашето Биро. На Генералното собрание претседателите на одборите при Советот на Бироа доставуваа свои извештаи со препораки за кои се гласаше и кои ќе бидат последователно доставени во форма на одлуки, а од страна на нашето Биро ќе бидат благовремено доставени до сите наши членки, односно осигурителните компании.
Директор М-р. Трајче Латиновски


Како поважни согледувања и препораки на Генералното собрание, би ги навеле следните:

- Благовремено доставување на аналитички статистички податоци по барање на Советот на Бироа и пополнување на доставените прашалници;
- Зајакнување на базата на податоци на Националните бироа за осигурување;
- Воспоставување на цврста финансиска дисциплина и стриктно почитување на утврдените рокови за исплата на штетите;
- Контрола и следење на реализацијата на обврските на кореспондентите и нивна финансиска дисциплина во однос на исплатите на штетите и почитување на роковите за доставување на потребните информации и документација.

Меѓу другото, беше истакната препораката за избегнување на доверувањето на штети од страна на кореспондентите на посредници, како лошо искуство од праксата на некои меѓународни Бироа, со што таа постапка се смета како неповолна во однос на оштетените лица и осигурителните друштва.

Свое обраќање имаа и претставници на Insurance Europe и UNECE. Учеството на Генералното собрание беше исто така искористено за билатерални средби со претставниците на другите Национални бироа за осигурување за разгледување и разрешување на одделни прашања со кои се соочуваат нашите членки – осигурителните друштва. Беа остварени и средби со претставниците на Советот на Бироа, а посебно со советникот за реосигурување, г-дин Марк Хенри.