Традиционално, и оваа година во периодот од 11-13.06.2014 г. во Сараево, БиХ се одржа средбата на осигурувачи и реосигурувачи, на која присуствуваа 137 учесници од повеќе земји. Во агендата на конференцијата беше опфатено претставување на осигурителните пазари од регионот и пошироко. Директорот на Националното биро за осигурување на Р. Македонија, м-р. Трајче Латиновски го претстави со своја презентација осигурителниот пазар во нашата земја, која е наведена во прилог.
Директор М-р. Трајче Латиновски


Иако беа презентирании повеќе интересни теми, би ги издвоиле презентациите
Либерализација на пазарот на задолжителни осигурувања од А/О – Хрватско искуство“ и
„Унапредување на деловната ефикасност на осигурителните друштва – оптимализација на програмот за реосигурување“, кои може да ги превземете од СОРС.

На наведената Конференција, директорот на Националното биро за осигурување исто така оствари средби и рзговори со претставниците од другите Национални бироа, осигурителни и реосигурителни компании, здруженија, итн. кои беа корисни за размена на искуства и унапредување на меѓусебната соработка.
File TypeSizeFile Name
application/pdf 454 KB Prezentacija - Makedonija.pdf